Драма во Дортмунд и Хамбург и голови во 88. минута за крај на сезоната во Бундеслигата (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Милионерите“ си
обезбедија дирекнто учество во групната фаза од Лигата на шампионите откако попладнево
во возбудлив натпревар со три пресврти славеа со 4-3 над Вердер.

Јунузовиќ ги донесе
гостите во предност веќе во седмата минута, но до крајот на првиот дел, преку
Ројс и Обамејанг, домаќините поведоа со 2-1,

Бертелс погоди за
2-2 на стартот од второто полувреме, за Крусе во 68. минута да донесе ново
водство за Вердер.

Со голот на Ројс
од пенал во 75. минута, како и погодокот на Обамејанг исто така од пенал во 89.
минута, Дортмунд на крајот славеше со 4-3.

Во дербито на
дното, Хамбургер со 2-1 го победи Волфзбург и се избори за нова сезона во
Бундеслигата, додека пак „Волците“ ќе играат бараж.

Гостите преку
Ноке поведоа во 23. минута, но Костиќ изедначи на 1-1 во 32. минута.

Голот вреден
опстанок беше дело на Валдшмид во 88. минута, и тоа 120 секунди откако младиот
напаѓач влезе во игра.


Резултати 34. коло Бундеслига:

Баерн М. – Фрајбург 4:1
Б. Дортмунд – Вердер 4:3
Келн – Мајнц 2:0
Ајнтрахт Ф. – РБ Лајпциг 2:2
Хамбургер – Волфзбург 2:1
Херта – Баер Л. 2:6
Хофенхајм – Аугсбург 0:0
Инголштад – Шалке 1:1
Б. Менхенгладбах – Дармштад 2:2

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани