Мурињо тргнува по „моторот“ на Челзи

by
1 минути читање

Познато е дека
минатото лето Манчестер јунајтед направи обид да го доведе во своите редови
фудбалерот на Челзи, но тимот од Лондон беше категоричен во намерата да ги
одбие сите понуди за него.

Неколку англиски
медиуми пренесуваат дека португалскиот стратег Жозе Мурињо верува дека неговиот
тим ќе успее во новиот обид за ангажман на српскиот интернационалец ова лето.

За очекување е италијанскиот
стратег од клупата на Челзи, Антонио Конте да направи реконструкција на тимот
ова лето, па така прва опција за претстојниот трансфер период е 22 годишниот Французин
Бакајоко од новиот шампион на Лига 1, Монако, неговото доаѓање на „Стемфорд
Бриџ“ би ги отворило излезните врати за Матиќ од екипата на Челзи.

28 годишниот
Матиќ сезонава одигра 35 натпревари, притоа постигна еден погодок за
годинешниот шампион во Премиерлигата, притоа беше еден од клучните играчи на Челзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани