Жозе Мурињо
најави дека со деца и резервен тим ќе игра против Кристал Палас во последното
коло од Премиерлигата, па оваа недела на тренингот на „Црвените Ѓаволи“ имаше
неколку нови лица.
Најмногу внимание
привлече 16 годишниот Анхел Гомес, кој може да стане најмладиот играч на
Манчестер јунајтед со настап во Премиерлигата.
Анхел Гомес, кој
е роднина на Нани, пристигнал во Манчестер јунајтед на 13 годишна возраст, но
само кратко време играл со своите врсници, и со 14 години бил прекомандуван во
У18 тимот.
Тој оваа недела
беше прогласен за најдобар играч во младинскиот тим на „Црвените Ѓаволи“ и
стана најмладиот играч кој стигнал до ова престижно признание откако наградата
се доделува изминативе 27 години.
Иако потекнува од
Португалија, Анхел Гомес настапува за младинските репрезентации на Англија, и
бил капитен на У16 и У17 селекциите на „Трите Лава“.
Анхел Гомес е
офанзивен фудбалер од средниот ред, негова природна позиција е бројот 10, но
одлично се снаоѓа и по крилните позиции.
Тој се најавува
како новото чудо од дете на „Црвените Ѓаволи“ и играч пред кој има светла
иднина.