Откако ја освоија
титулата во Премиерлигата, „Сините“ веќе од следната недела ќе почнат да
работат на составот за сезоната 2017/18.
Според денешното
издание на Телеграф, Антонио Конте ќе има на располагање преку 230 милиони евра
за засилување на составот.
Весникот вели
дека прво ново име на Стемфорд Бриџ веројатно ќе биде Тимуе Бакајоко, за кого
Челси е спремен да плати 50 милиони евра.
22 годишниот Французин
има одлична сезона во дресот на Монако, и „Сините“ следната недела ќе седнат на
маса со клубот од малото кнежество со цел да ја победат конкуренцијата.
Новиот шампион на Англија дури е
подготвен да го понуди Миши Батшуаји како дел од зделката.
Други имиња на
листата со желби се Ромелу Лукаку од Евертон, Вирџил ван Дијк од Саутемптон и
Алексис Санчез од Арсенал.