„Играчите на Интер се себични и поделени на кланови“

by
1 минути читање

Интер игра уште една сезона за заборав, Нероазурите имаа лош старт и лош финиш на сезоната. Подготовките ги почнаа со Роберто Манчини, па дојде Фрак де Бур кој доби отказ во ноември, следуваше Пиоли, но и тој не остана до крај.

Пјеро Аусилио вели дека играчите се однесуваат професионално, но ја нема таа кохезија која била одлика на Интер во минатото.

„Јувентус сега е силен, но ќе видиме како ќе изгледаат откако ќе ги загубат тие четири или пет играчи кои им даваат структура, карактер и менталитет. Тоа не можете да го купите на пазарот“ – вели Аусилио.

„Кога губите некој од Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Диего Милито или Волтер Саумел, губите играчи кои поминале и лоши времиња и знаат што е успех“.

„Не се работи за тоа дека фудбалерите не тренираат напорно во Интер. Ние сме таму секој ден. Нема сенс за солидарност, не се способни да креираат група поради различните години, минато, етничка припадност, но исто така и поради карактерите и човечките вредности“.

„Тоа не се лоши момци, доаѓаат наутро, имаат заеднички појадок, тренинг, пауза за ручек. Не можеш да се пожалиш. Но нема една голема група која покажува солидарност. Тимот е разделен на мали групи и многу од играчите размислуваат само за себеси. Нема колектив како што имаше во минатото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани