Долго време се пишува дека Антоан Гризман е топ трансфер цел на „Црвените
Ѓаволи“ и Французинот се најавува како првото големо засилување кое летоска ќе
пристигне на Олд Трафорд.
Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула на Антоан
Гризман вредна 100 милиони евра, да го направи напаѓачот еден од играчите со
најголема плата во Премиерлигата и да му го даде легендарниот дрес со бројот 7.
Медиумите од „Островото“ често најавуваа дека трансферот е договорен, но
последните информации велат дека Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо би можеле да
останат со „празни раце“.
Новинарот на реномираниот Л’екип, Билел Гази пишува дека Антоан Гризман ќе
остане верен на Атлетико Мадрид и покрај огромната понуда од најтрофејниот клуб
од Англија.
Диего Симеоне наводно успеал да го убеди напаѓачот да остане во Атлетико
Мадрид барем уште една година.
Како адути се новиот стадион на кој следната сезона ќе настапуваат
„Колчонероси“, а на Гризман исто така му било ветено дека во форот како партнер
ќе го има сонародникот Александре Лаказет.