„Лукаку вечер нема да спие” – Карагер со честитки за фантастичниот Кејн

by
1 минути читање

Англичанецот пружи одлична партија против „Лисиците“ и дури четири пати ја
тресеше мрежата на противникот.

Па во пресрет на последното коло, Хари Кејн сега е прв стрелец во
Премиерлигата со 26 погодоци, пред Ромелу Лукаку со 24 и Алексис Санчез со 23.

„Секој напаѓач ќе
ви каже дека тимот е приоритет а не голвоите, но сите лажат
” – вели легендата на Ливерпул, Џејми
Карагер кој сега работи како стручен коментатор за Скај Спортс.

„Кејн сигурно
посакуваше еден или два гола против Лестер за да ги стави Лукаку и Санчез под
притисок
”.

„Од неговата
насмевка на лицето може да се забележи дека тој беше воодушевен што постигна
четири и сега има предност од два гола на врвот
”.

„Лукаку вечер
нема да спие
”.

„Напаѓачите ја
посакуваат „Златната Копачка“, за нив тоа е голема работа, исто како што
дефанзивците сакаат да ја сочуваат мрежата
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×