Несторовски и натаму во центарот на вниманието во Италија

by
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден „Кориере дело Спорт“ извести дека тимот од Фиренца е подготвен да издвои 10 милиони евра за Македонецот кој
сезонава на 35 натпревари во дресот на Палермо постигна 10 погодоци во Серија
А.

Денешното издание
на „Калчомеркато“ во фокусот ја вметна дилемата околу напаѓачот на Фиорентина,
29 годишниот Никола Калиниќ, односно развојот на настаните околу неговото
заминување од тимот, по кое наводно би требало да следи трансферот на нашиот Илија Несторовски во Фиорентина.

„Виолетовите“ во 27 годишниот Несторовски гледаат
замена за Калиниќ, кој е желба на Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Лестер, и
ова лето ќе замине од „Артемио Франки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани