Роналдо ги обвини играчите на Селта дека земале пари за да ги победат: Колку? Цел куфер? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид и Барселона се во жестока трка за титулата, но „Кралевите“ беа во мала предност поради заостанатиот натпревар со Селта, кој беше одигран вчера.

Пред натпреварот, се појавија информации кои велеа дека Барселона на играчите на Селта им ветила три милиони евра за да победат, и на тој начин „Каталонците“ да избијат во пол-позиција за титулата.

Реал Мадрид сепак славеше на незгодното гостување на Балаидос со 1-4 и направи значаен чекор кон шампионско славје.

Камерите го уловија Кристијано Роналдо како имаше мала расправија со противнички играч, се претпоставува дека се работи за дефанзивецот на Селта, Густаво Кабрал.

Португалецот прави гест со кој покажува пари и куфер, и вели: „Пари, колку земавте… цел куфер?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани