Кристијано
Роналдо вчера го однесе Реал Мадрид на чекор до финале од Лигата на Шампионите,
ЦР7 со три гола го „потопи“ градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Сепак, и овој натпревар не помина без контроверзии, првиот гол на
Португалецот е спорен, тој во зачетокот на акцијата беше длабоко во
офсајд.
За оваа ситуација
се разви голема дебата на социјалните мрежи, а камерите го уловија и самиот
Кристијано Роналдо како разговора со судијата Мартин Еткинсон.
Пред почетокот на
второто полувреме, во тунелот, ЦР7 го запраша судијата: „Еткинсон, имаше ли
офасајд?”
Англичанецот му
одговори: „Во прв момент имаше офсајд”.
На ова Роналдо
веднаш одговори: „Да но јас не влијаев на играта, па нема офсајд”.
Cristiano+le+explica+a+Atkinson+la+jugada+del+1-0 by footbie.com