„Специјалниот“
пред два дена упати силни критики на пријателските натпревари сред сезона
откако неколку играчи на Манчестер јунајтед се повредија на должност со
репрезентациите.
Жозе Мурињо сега
доби поддршка и од Пеп Гвардиола, кој се сложува дека и онака има премногу
натпревари, па пријателските средби се луксуз во овој дел од сезоната.
„Се сложувам со
Мурињо“ – вели Шпанецот. „Играме многу натпревари. Првенство, Лига на Шампиони
или Лига Европа, квалификации, па мислам дека е ризично да се играат и
пријателски“.
„Ќе биде добро
доколку можеме да ги избегнеме, но распоредот е таков каков што е“.
„Но да има премногу
натпревари, лудост е тоа колку натпревари се играат. Некои средби навистина
немаат смисла“.