Ѕвездата на
„Колчонероси“ силно се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед и покрај тоа
што во неколку наврати истакна деа не размислува за заминување од Висенте
Калдерон.
Антоан Гризман
денеска за Лекип одговараше на прашања од фанови, и одново неизбежна беше
темата за неговата иднина.
„Барса или Реал?
Зошто да не? Сон на секој играч е да игра за најголемите клубови и овие два
клуба, заедно со Баерн се токму тоа” – вели Антоан Гризман.
„Но во моментов
сум среќен во Атлетико и не се гледам ниту во Баерн, ниту во Реал, ниту на
некое друго место…”.
Запрашан дали
следната сезона ќе го видиме во дресот на ПСЖ, Гризман одговори: „Не, не сакам
да заминам од Атлетико, ниту за Париз, ниту за Кина, САД, Русија или било која
друга земја”.