Шанси, големи промашувања и возбудливо реми од 1-1 на Етихад (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ и
„Црвените“ ги поделија бодовите откако вечерва одиграа 1-1 на Етихад Стадионот,
но лесно можеше да се случи еден од двата тима да стигне до цел плен со оглед
на тоа дека беа промашени неколку добри шанси.

Откако мрежите
мируваа во првиот дел, Милнер погоди од пенал во 51. минута за водство на
Ливерпул и најави нов шок за Манчестер Сити.

Агуеро потоа
изедначи во 69. минута на асистенција на Де Брујне за интересни завршница.

Де Брујне ја
погодои стативата, а на спротивната страна, по една одлично изработена акција
Лалана успеа да промаши цел фудбал во момент кога беше осамен пред голот на
Сити и можеше да го праша Кабаљеро каде да шутира.

Обидот за лоб на Стерлинг
заврши крај голот на Мињоле, а во завршните мигови Агуеро биеше високо над голот
од изгледна ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани