Торино и Интер одиграа возбудливо реми (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако во
минатото коло со 7-1 ја декласираше Аталанта, Интер се надеваше дека со нови
три бода од незгодното гостување кај Торино дополнително ќе се замеша во трката
за местата кои водат во Лигата на Шампионите.

„Нероаѕурите“
добро го започнаа мечот и поведоа со голот на Кондогбија во 27. минута.

Сепак, домаќините
успеаа да стигнат до изедначување пет минути подоцна, Басели се снајде најдобро
по еден корнер и погоди за 1-1.

По еден час игра,
Аква постигна прекрасен гол за водство на Торино од 2-1, но веднаш следуваше
одговорот на Интер.

Во 62. минута
Кандрева ја затресе мрежата на домаќините за 2-2.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани