Депај објасни зошто морал да го напушти Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

23 годишниот
Холанѓанецот имаше ограничена минутажа под водство на „Специјалниот“ па реши во
зимскиот проден рок да ја промени средината и да се пресели во Лион.

Потегот се покажа
како исправен, Мемфис Депак веднаш се прилагоди на новата средина и веќе запиша
5 погодоци на 10 натпревари.

„Не му се лутам
на Мурињо
”
– вели играчот
во разговор со беИН Спорт.

„Го правев она
што требаше да го правам на тренинзите. Секако, не ги разбирав неговите одлуки,
но тој е главен и јас морав да ги прифатам неговите одлуки. Мислам дека не бев
доволно добар за него
”.

„Но тоа е минато,
сега тука покажувам што знам и умеам
”.

„Ќе се вратам во
врвна форма и ќе видиме што ќе се случи
”.

„Не ми беше тешко
да го напуштам Манчестер јунајтед. Млад сум, потребно е да играм
”.

„Кога ќе помислам
кога за последен пат сум одиграл цел натпревар пред да дојдам во Лион, тоа е
пред една година. Неверојатно
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×