Реал Мадрид
минатата сезона имаше прилично лесен пат до финалето од Лигата на Шампионите, а
среќата им беше сојузник и за ждрепката за осминафиналето кога од вториот шешир
ги избегнаа големите имиња и го добија Наполи.
Па фудбалските
фанови ширум светот изминативе денови се шегуваа на сметка на „Кралевите“ и
прогнозираа „нова местенка“ по која клубот од Сантијаго Бернабеу ќе се падне со
Лестер.
Сепак, Реал Мадрид денеска налета на Баерн Минхен, а Зинедин Зидан ова го искористи за
иронично да им одговори на критичарите.
„Се смеам кога
луѓето ќе споменат топли и ладни топчиња” – вели Французинот. „Доста на оваа тема, сега знаеме дека
тие не постојат…”
За двомечот со
Баерн, тренерот на Реал додава: „Тие нема да се плашат од нас ниту пак ние од
нив. Натпреварите ќе бидат тешки, Баерн е добар и силен противник. Ќе биде
специјален дуел за двата клуба и фудбалските фанови”.
„Ќе се сретнам со
мојот учител. Му бев асистент на Анчелоти, тој е одличен човек, и сите знаеме што
постигна тука”.
„Научив многу од
него, ќе биде посбен дуел и среќен сум што ќе ги одмерам силите со него”.