Мурињо распали во свој стил: Имаме многу непријатели, во недела веројатно ќе загубиме

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
вчера со 1-0 славеа над Ростов и се пласираа во четвртфиналето од Лига Европа.

Тие се најголем
фаворит за освојување на најмасовното европско натпреварување, но по крајот на
натпреварот Жозе Мурињо не беше во добр расположение и распали во свој стил.

„Имаме многу
непријатели
– рече Португалецот
за БТ Спорт.

„Нормално
непријател треба да биде Ростов, но ние имаме многу непријатели
.

„Тешко е да се
игра во понеделник со 10 играчи, тешко е да се игра сега, тешко е да се игра во 12
часот во недела. Имаме многу непријатели
.

„Многу луѓе ќе
кажат дека требало да играме подобро, да постигнеме повеќе погодоци,
дека не треба да се мачиме толку со ваков противник. Но многу работи се против
нас. Моите момци се неверојатни
.

„Веројатно ќе го
загубиме натпреварот во недела (против Мидлзбро). Заморот има цена. Но ќе го
дадеме максимумот
.

„Засекогаш ќе го
запамтам разговорот со делегатот на УЕФА во Ростов. Ми кажа дека ако некој наш
играч се повреди, осигурителната компанија ќе плати
.

„Оној кој
одлучува дека требаше да играме со Челси во понеделник и сега во недела со
Мидлзбро веројатно размислува на ист начин
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани