Мурињо би можел да му „даде отказ“ на својот пријател Каранка

by
1 минути читање

Сопственикот на Мидлсброу, Стив Гибсон го губи трпението со Аитор Каранка по серијата лоши резултати во 2017 година кои го однесоа тимот во зоната за испаѓање.

Тимот нема победено натпревар во Премиерлигата од средината на декември и во моментов е втор од дното на табелата на десет натпревари до крајот.

Во недела Мидлсброу го пречекува Манчестер јунајтед, на гости кај Каранка доаѓа неговиот добар пријател со кои заедно работеа во Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Но токму пораз од Мурињо може да биде последната капка што ќе ја прелее чашата и сопственикот да одлучи да му додели отказ на Каранка.

Гибсон не побарал победа на Мидлсброу над Манчестер јунајтед, но сака да види дека фудбалерите се уште се борат за нивниот тренер и ќе го дадат максимумот на теренот за Каранка да остане на клупата.

Бледа партија на тимот, ќе значи крај на престојот на Каранка во Мидлсброу.

Веќе се споменуваат и негови можни наследници, тоа се поранешните тренери на Лестер, Клаудио Раниери и Најџел Пирсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани