Лукаку објаснува зошто одбил нов договор од Евертон

by
1 минути читање

Љубовта помеѓу Лукаку и Евертон се ближи до крајот откако тој одби да потпише нов договор со клубот.

Лукаку сака да игра во амбициозен клуб, открива дека Евертон иако можел, не купил неколку квалитетни играчи во изминатите преодни рокови.

„Евертон како фудбалски клуб има голема историја, но треба да се пишува иднината, ме сфаќате? Пред живеењето во минатото, треба да мислите на иднината“ – вели Лукаку.

„Секогаш зборуваме за тимовите на Евертон од осумдесетите и седумдесетите и тоа е одлично, но сакаме фановите да зборуваат за сегашниот тим. Не сакате да бидете памтени само по давање голови, туку по освоување на трофеи“.

„Треба да размислите како клубот да созрева, како да напредува, кои играчи да ги донесете за да можете да бидете конкурентни за трофеи“.

„Понекогаш зборувам со Висенте Компани кој беше во Манчестер Сити и кога се случи промената. Тој ми вели „Ром, едно лето доаѓам на тренинг и бум, бум, бум, бум… Робињо дојде, дојде овој, дојде оној“. Потоа сите ги критикуваа, но на крајот тие освоија лига титули, ФА Куп, Лига Куп…“.

„Имаше некои играчи кои можевме да ги донесеме, знаев дека клубот можеше да ги договори, но не го направија тоа“.

„Не знам, не знам какви се плановите на бордот, навистина не знам“.

Токму неамбициозноста на Евертон да се бори за највисок пласман го брка Лукаку од клубот.

За него интерес има од Челси, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани