И големиот Касиљас му симна капа на Облак за магичните одбрани (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Средбата на
Висенте Калдерон можеби не беше атрактивна и заврши без голови, но сите зборуваат
за потегот на Јан Облак и неговата неверојатна тројна одбрана.

Во 68. минута од
средбата, Бранд украден една топка и излезе само очи во очи со голманот на Атлетико,
но Облак одбрани.

До одбиената
топка прв дојде Фоланд, но Облак одново одбрани, Напаѓачот на Баер имаше и втор
обид, но и овој пат голманот на Атлетико излезе како победник.

По неверојатната
тројна одбрана, сите на Висенте Калдерон станаа на нозе и му дадоа аплауз на
Словенецот, а честитки на адреса на Јан Облак пристинаа и од големиот Икер
Касиљас.

„ХЕРОЈ. Облак го
спаси Атлетико со тројна одбрана
– гласеше постот кој го ретвитна легендата на Реал Мадрид и Шпанија, и стави емоџи од човечиња кои се чудат.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани