Гвардиола: Ќе научиме

by
1 минути читање

Манчестер Сити со резултат од 5-3 отпатува на реваншот во Монако но не успеа да ја задржи предноста од првиот натпревар и доживеа елиминација.

„Одигравме фантастично второ полувреме, но првото заборавивме дека сме во натпреварот. Сакавме да бидеме агресивен тим со и без топката, такви не бевме во првиот дел, но во второто полувреме бевме многу подобри“ – вели Пеп Гвардиола.

„Ќе научиме. Имаме тим кој нема големо искуство во овие натпреварувања“.

„Во второто полувреме имавме шанси да постигнеме многу голови, не го направивме тоа и затоа испаднавме“.

Ова беше прва елиминација на Пеп Гвардиола во осминафинале од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани