За кого ќе навива Раниери во четвртфиналето? Таму има четири екипи на кои тој им бил тренер

by
1 минути читање

Клаудио Раниери направи историски успех со Лестер, нешто што не можеше ниту да се замисли, ја освои Премиерлигата и му донесе учество на малиот клуб во големата Лига на шампиони.

Но поради лошите резултати оваа сезона, Раниери беше отпуштен пред да го одигра реваншот од осминафиналето со Севиља. Тимот под водство на Шекспир повторно почна да победува и е единствениот англиски тим во четвртфиналето од елитното натпреварување.

Но, Лестер не е единствениот поранешен тим на Раниери кој ќе игра во четвртфиналето оваа сезона, Италијанецот водел уште три од осумте екипи.

Во 1999 година беше тренер на Атлетико Мадрид, но таа авантура не траеше многу, се задржа една сезона и не играше со шпанскиот клуб во Лигата на шампионите.

Од 2007 до 2009 година Раниери го водеше Јувентус, но тоа беше периодот на Интер кој под водство на Жозе Мурињо владееше во Италија а ја освои и Лигата на шампионите.

Италијанскиот стратег две години беше тренер и на Монако, од 2012 до 2014 година, период во кој доминацијата во Франција ја имаше ПСЖ.

Лестер, Монако, Јувентус и Атлетико Мадрид се четирите поранешни клубови на Клаудио Раниери кои оваа сезона се во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Најголемиот успех и дефинитивно го имаше со англискиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани