Монако го елиминира Манчестер Сити, херојска победа на францускиот тим! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Монако покажа класа, одигра уште една голема партија и го елиминира Манчестер Сити на Пеп Гвардиола кој во Франција допатува со победа од 5-3, но не успеа да ја задржи предноста.

Резултатот беше отворен уште во осмата минута кога по асистенција од Силва, Мбапе постигнува гол за водство од 1-0.

Нападите на Монако продолжија, им требаше победа од два разлика, вториот гол дојде во 29. минута кога по убаво додавање од Менди, Фабињо зголеми на 2-0. Со овој резултат францускиот тим одеше понатаму.

Работите се променија со почетокот на вториот дел, Манчестер Сити силно нападна, Монако се бранеше.

Таквата игра вроди со плод во 71. минута кога Сане постигна гол за намалување на 2-1, резултат кој им одговараше на Англичаните.

Радоста на Манчестер Сити не траеше долго, во 77. минута Бакајоко со глава постигна за водство од 3-1. Тоа беше и конечен резултат кој го однесе Монако во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Неуспех за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола кои беа голем фаворит пред почетокот на осминафиналето, но Монако покажа дека неслучајно е на врвот во Франција оваа сезона.

Ова беше прва елиминација на Пеп Гвардиола во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во Мадрид, на дуелот помеѓу Атлетико и Баер Леверкузен мрежите мируваа, 0-0. Со вкупни 4-2 шпанскиот тим оди меѓу осумте најдобри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани