Шеќер во прав предизвика паника во Борусија Дортмунд!

by
1 минути читање

Седиштето на Борусија Дортмунд денеска (среда) било евакуирано, канцелариите во Реинландам биле принудно затворени откако еден од вработените добил плик со бел прав.

Сомнежот бил дека се работи за бел прав, терористички напад со хемиско оружје.

Биле повикани 40 пожарникари поради стравување за напад сличен на оние во САД во 2001 година кога пликоа со бел прав добија двајца демократски сенатори и неколку медиуми.

Но за среќа, било утврдено дека се работи за измама, белата супстанца била шеќер во прав.

„Голема благодарност до противпожарната бригада од Дортмунд. Добивме сомнително плико со бел прав денеска“ – стои во соопштението на Борусија Дортмунд.

„Од безбедносни причини комплетно ја евакуиравме зградата на околу еден час. Белиот прав беше истражуван во мобилна лабараторија“.

„Резултатите ги добивме во 17:20 се работело за шеќер во прав. Сега персоналот во Борусија повторно е на работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани