Добри вести за Геце, поставена временска рамка за негово враќање на терените

by
1 минути читање

Некогашниот голем
талент на Германија, минатиот месец мораше привремено да ја стопира кариерата
откако му беше откриено метаболичко пореметување поради кое е склон на повреди
на мускулите.

Играчот веќе
почнал да добива третман, првите сигнали се позитивни и Борусија Дортмунд
постави временска рамка за негово враќње на терените.

Доколку сè се
одвива според планот, Марио Геце ќе може одново да тренира на почетокот од
летото.

Целта е 24
годишниот плејмејкер да биде целосно фит и подготвен за настап за новата
сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани