Барса сака да ја исправи грешката од пред четири години

by
1 минути читање

Бразилецот со
шпански пасош се најавуваше како наследник на Чави и Иниеста, но откако не доби
доволна минутажа, во 2013 замина од Камп Ноу.

Баерн Минхен и
Пеп Гвардиола тогаш ја искористија клаузулата во договорот на Тиаго Алкантара
според која играчот можеше да замине за само 18 милиони евра со оглед на тоа
дека имаше настапено на помалку од 60% од натпреварите во сезоната.

Тиаго Алкантара
полека прераснува во клучен играч на „Баварците, оваа сезона прикажува одлични
партии, а спортскиот директор на Барселона бил особено импресиониран од
изданието на фубалерот на средбата против Арсенал во Минхен.

Според Кадена
СЕР, Барса сега размислува да го врати Тиаго Алкантара и да ја исправи грешката
од пред четири години.

Но зделката
воопшто нема да биде лесна, Баерн Минхен не помислува да го продаде играчот и
„Баварците“ во голем број наврати покажале дека нивниот збор секогаш е последен
во вакви ситуации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани