Џерард распали по Насри: Потегот беше глупав и аматерски

by
1 минути читање

Французинот вчера ги
остави на цедило своите соиграчи откако на 15 минути до крајот на средбата
помеѓу Лестер и Севиља, во моменти кога резултатот беше 2-0 и гостите силно
притискаа за гол кој ќе ги спаси од елиминација во Лигата на Шампионите, тој го загуби разумот и доби втор жолт картон и исклучување.

Самир Насри
наседна на една провокација на Џејми Варди, па додека траеше нападот на Севиља,
тој реши да се пресмета со напаѓачот на Лестер и го удри со глава.

Англичанецот
дополнително одглуми, но картонот беше неизбежен и Самир Насри предвреме беше
испратен на туширање.

Легендата на
Ливерпул, Стивен Џерард се чуди на однесувањето на Французинто и упати остри
критики на негова адреса.

„Сигурно добивате
втор жолт картон, потег беше глупав, аматерси за играч со толку големо искуство
– вели популарниот Стиви Џи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани