Конте го оправдува црвениот картон: Азар не можеше да игра од стартови, судијата мораше да го заштити

by
1 минути читање

Челси го победи Манчестер јунајтед со 1-0, но она за што најмногу се зборува по натпреварот е црвениот картон на Ерера добиен уште во 35. минута.

„Мислам дека Азар го почна натпреварот и не можеше да игра фудбал. Сите можат да ја видат ситуацијата и да пресудат“ – вели Конте.

„Кога сте играч со голем талент, понекогаш противниците се обидуваат со стартови да ве заплашат и судиите мора да ги заштитат ваквите фудбалери бидејќи можат да бидат сериозно повредени“.

„Одигравме добро против тим кој е многу силен и кој има добри фудбалери“.

„Според мене Јунајтед го има најдобриот состав во лигата. Имаат многу добри играчи и мораме да бидеме задоволни што се пласиравме во следната рунда и што победивме голем противник“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани