Мурињо со порака до навивачите на Челси: Се додека некој друг не освои четири титули Јуда е број 1

by
1 минути читање

По новиот
вербален дуел со Антонио Конте крај аут линијата кон финишот на првиот дел, домашните фанови зад клупите
за резерви почнаа да го навредуваат Жозе Мурињо.

Тие најпрво скандираа „Фак оф Мурињо“ а потоа му порачаа „Повеќе не си
специјален“
за на крај да го наречат „Јуда“.

По крајот на
натпреварот, Португалецот испрати порака и вели дека неговата позиција во
историјата на Челси ќе остане недопредна се додека некој не освои четири
титули.

„Можам да ме
нарекуваат како што сакаат
– им рече Мурињо на новинарите.

„Јас сум
професионалец. Го бранам мојот клуб
.

„Се додека некој
менаџер на Челси не освои четири титули, јас сум број 1. Кога ќе имаат тренер кој освоил четири титули јас ќе бидам број 2. Но до тогаш, Јуда е број 1
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани