Кејлор Навас беше
еден од протагонистите на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Бетис,
голманот во неколку наврати беше во центарот на вниманието.
При резултат 0-0,
тој стартуваше опасно над Брашанац надвор од шеснаесетникот, потег за кој
требаше да добие црвен, но судијата Матеу Лахоз реши да не досуди ништо и да не ја
прекина играта.
Голманот потоа
реагираше несмасно при ударот на Санабрија, си ја затресе мрежата и му овозможи
на Бетис да дојде во водство.
За
катастрофалното прво полувреме, пристигнаа свирежи од фановите на адреса на
Кејлор Навас.
Сепак, тој се
искупи за грешките со одлична интервенција во завршните мигови, од трагичар стана херој и спречи гостите да
дојдат до 2-2.
За одличната
интервенција доби честитки од соиграчите, аплауз од публиката а по крајот на
средбата и пофалба од судијата Матеу.
Камерите го
уловија арбитарот како му вели на Кејлор Навас: „Одлична Парада“.