Варди со предизвик за Севиља: Ајде да видиме како ќе играте на -3 во Лестер

by
1 минути читање

Севиља доминираше
на првиот натпревар и со предност од 2-1 утре гостува на Кинг Пауер Стадионот.

Џејми Варди, кој
постигна гол на Рамон Санчез Писхуан, верува дека „Лисиците“ имаат добри шанси на реваншот
и очекува клубот од Андалузија да има потешкотии во играта на студот и температурите под нула на „Островото“.

„Целта беше да
оствариме резултат на првиот натпревар кој ќе не остави во живот
– вели напаѓачот.

„Не сакате да ве
демолираат на првиот натпревар и потоа да немате за што да играте на реваншот
.

„Дефинитивно сме
во игра па со нетрпение го чекаме реваншот
.

„Севиља е
навикната да игра на топло, па ајде да видиме како ќе се однесува кога ќе
биде -3 во Лестер
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани