Баерн Минхен го
демолираше Арсенал во Лигата на Шампионите, во два наврати ги совладаа „Топчиите“ со
идентични 5-1.
Во завршните
мигови од средбата на Емирати, камерите го уловија Алексис Санчез како се шегува
во ситуација кога неговиот тим губи со севкупни 10-2.
На фановите не им
се допадна ваквото однесување, но во одбрана на Чилеанецот сега застана Петр
Чех, кој објасни што се случувало на клупата за резерви.
„Тој беше тажен,
никогаш не сум го видел потажен” – вели голманот на Челси.
„За жал, кога ќе
ја кажете реченицата „да постигневме втор гол и се можеше да биде поинаку“ и
потоа ја имате онаа реакција „оххх“, но во реалноста вие губите со 5-1 и луѓето
погрешно ја интерпретираат целата ситуација и ве обвинуваат дека се смеете на
клупата”.
„Мислам дека тоа
е големо непочитување кон играчот”.
„Ние фудбалерите
знаеме што точно беше кажано и знаеме дека тој беше разочаран исто како и сите
други”.