19-годишниот Рашфорд импресионираше минатата сезона, со фантастични игри и голови го привлече вниманието на англиската јавност а доби повик и во репрезентацијата.
Но оваа сезона има постигнато само седум гола на 36 настапи за Јунајтед и не ги исполнува очекувањата на фановите.
„Знаев дека ова ќе биде многу тешка сезона за него по претходната сезона во која изненади“ – вели Мурињо.
„Таа беше сезона без притисок за него, кога никој ништо не очекуваше, кога никој не го знаеше, тој влезе во тимот и се промовираше, се чувствуваше слободен како дете кое ужива во фудбалот“.
„Втората сезона секогаш е потешка бидејќи чувствува притисок, луѓето го знаат и тој знае дека тие имаат очекувања од него“.
„Мислам дека третата сезона повторно ќе биде добра за него. Тоа е сезона во која е позрел, има веќе искуство и мислам дека ќе биде подобар отколку сега“.