Пандев од клупата го проследи дербито на Џенова (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Вечерва се играше големото градско дерби на Џенова кое го доби Сампдорија со минимални 1-0.

Џенова беше домаќин на мечот кој за овој град е многу повеќе од обичен фудбалски натпревар.

Горан Пандев остана на клупата за резервни играчи и јасно е дека Македонецот во летниот преоден рок ќе треба да си побара нов клуб.

Натпреварот го реши Муриел со гол во 71. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани