256
Арсен Венгер не сакаше да остави ништо на случајот па извади најсилен тим за дуелот со екипата која се натпреварува во петтата лига.
Арсенал лесно го совлада Линколн, но подолго време се мачеше да го скрши отпорот на противникот.
Дури во судиското продолжение од првото полувреме Волкот постигна гол за водство од 1-0.
Откако беше постигнат првиот гол, работите се одвиваа многу полесно за Арсенал, во вториот дел Жиру зголеми на 2-0, а Ватерал си постигна гол за предност и од 3-0.
Алексис Санчез зголеми на 4-0, а конечниот резултат од 5-0 го постави Арон Ремиз на 15 минути до крајот.