ПСЖ во средата
потклекна на Камп Ноу и покрај тоа што беше на чекор да ја елиминира Барселона
од Лигата на Шампионите.
„Каталонците“
пстигнаа три гола во завршните седум минути за историски кам-бек и пласман во
четвртфиналето.
Покрај големиот
успех на Барса, во фокусот е и судијата Дениз Ајтекин, кој имаше неколку спорни
одлуки.
Првиот човек на
ПСЖ, Насер Ал Келаифи вели дека судијата не бил на потребното ниво, но не сака
да го посочи како единствена причина за дебакалот.
„Не сакаме да се
криеме зад судијата. Одигравме лошо, во завршните 7-8 минути бевме очајни” – вели претседателот на „Светците“
во разговор со Ле Парисиен.
„Имам едно
правило, никогаш не ги коментирам одлуките на судијата. Но тоа не не спречува
да се запрашаме дали исходот на средбата ќе беше поинаков доколку судијата беше
поостроумен”.
„Колку е
подоцнежна фазата од Лигата на Шампионите, толку е поголем влогот и судиите
мораат да бидат на тоа ниво. Нема простор за нервоза и лоши одлуки”.
„Сите можат да
видат дека имаше пенал за стартот над Ди Марија и со него можевме да стигнеме
до 3-2 и пред време да го решиме натпреварот”.
„Исто така, да не
заборавиме дека немаше пенал врз Луис Суарез во завршните минути од средбата…”