Настап на Ѕаѕа против Спортинг ќе ја чини Валенсија 16 милиони евра

by
1 минути читање

По неуспешната
авантура во Вест Хем, Италијанецот во јануари се пресели на Местаља на
позајмица до крајот на сезоната.

Сепак, во
договорот помеѓу двата клуба постои клаузула според која Валенсија е обврзана да
го купи Симоне Ѕаѕа кога играчот ќе забележи 10 настапи.

Напаѓачот веќе има
одиграно девет средби, и утрешниот дуел со Спортинг ќе биде негов десети, па
„Лос Че“ ќе треба на Јувентус да му платат 16 милиони евра.

Валенсија за
позајмицата веќе одвои 2 милиони евра, а во зависност од перформансите на
Симоне Ѕаѕа можат да бидат исплатени уште 2 додатни милиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани