Харт има многу опции

by
1 минути читање

Англискиот голман има одлични настапи во дресот на Торино каде што игра како позајмен од Манчестер Сити. Харт нема да се врати во клубот додека Гвардиола е тренер, но нејасно е дали ќе остане во Серија А или ќе потпише со клуб од Премиерлигата.

Последните шпекулации велат дека можно е Харт да направи перманентен треансфер во Торино. Имено Манчестер Сити се сложил да го даде Харт доколку добие право на купување на напаѓачот Белоти кој е проценет на 100 милиони евра.

„Иднината на Харт не е нешто за што сме зборувале со управата на Сити. Имаме разговори со многу клубови и мислам дека нема да има проблем да најде нов клуб. Ќе имаме многу опции во наредниот преоден рок бидејќи станува збор за еден од најдобрите голмани во светот“ – вели агентот Џонатан Барнет.

Покрај останување во Торино, како опција за Џо Харт е и трансфер во Ливерпул кој има проблеми со голманите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани