Со ваква статистика ПСЖ нема што да бара, „Светците“ со само 4 додавања во завршните 7 минути (ФОТО)

by
1 минути читање

Барселона вчера
направи чудо, ја надополни негативата од 4-0 од првиот натпревар, и славеше со
6-1 пред своите фанови во реваншот.

ПСЖ имаше се под
контрола до самиот финиш, со голот на Кавани во 62. минута дополнително им ја
отежна работата на „Каталонците“.

Но гостите
одиграа очајно лошо во завршницата, статистката покажува дека избраниците на
Унаи Емери панично се бранеле и имале само 4 додавања од моментот кога Нејмар погоди од слободен
удар во 88. минута до последниот свиреж на судијата.

Од овие четири
додавања, три се кога играчите на ПСЖ тргнаа од центарот по головите кои ги
примија.

Можеби некои
судиски одлуки не беа во корист на „Светците“, но со вакви статиска ПСЖ нема
што да бара.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани