Тренерот на Дортмунд се пожали: Поради Барса изгледаме досадно, никој нè не спомнува

by
2 минути читање

„Милионерите“
прикажаа одлична партија против Бенфика, забележаа победа од 4-0 и се пласираа
во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Но овој триумф
падна во сенка на успехот на Барселона, ноќта мина во знакот на „Каталонците“
кои направија чудо и на реваншот со ПСЖ славеа со 6-1 за историски успех.

Томас Тухел
открива дека целиот тим на Борусија Дортмунд ги гледал завршните минути од
средбата на Камп Ноу и чуствуваале дека ќе падне шестти погодок во мрежата на ПСЖ.

„Кога го
напуштивме теренот беше 4-1 за Барселона
– вели тренерот на Дортмунд. „Кога влеговме во
соблекувалната беше 5-1 и уште две минути до крајот
.

„Внимателно
гледавме што ќе се случи. Сите имаа чуство дека Барса ќе постигне уште еден гол
.

„Потоа падна
голот, тоа беше лудница
.

„Мислевме дека
ние бевме спектакуларни, но ова што го направи Барса…. Мислевме дека нашиот
успех ќе возбудлива вест, но во споредба со Барса сега сме здодевни
.

„Никој нè не
спомнува
.

„Доколку некој
можеше да приреди ваков кам-бек, тоа е Барселона. Честитки за неверојатните
перформанси
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани