„Ако не сте задоволни од Роналдо, дајте ми го мене, има место за него во мојот тим“

by
1 минути читање

Во последните
денови од летниот преоден рок, Кристијано Роналдо се врати во Манчестер
јунајтед и имаше второ деби од соништата во дресот на „ѓаволите“ со два гола
против Њукасл.

Португалецот вкупно
осум пати ја тресеше мрежата во Премиерлигата, а постигна и неколку клучни
голови во Лигата на шампиони, но често е критикуван и добива замерки за игрите
кои ги прикажува.

Во пресрет на утрешниот
дуел помеѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон, гостинскиот тренер Бруно Лаж вели
дека не ги разбира критиките на адреса на Кристијано Роналдо.

„Ако не сте
задоволни од Роналдо, дајте ми го мене, има место за него во мојот тим“
– вели предводникот
на „Волците“.

„Кога купувате
играч, најважно е да видите што има тој да му понуди на вашиот тим и каков ќе
биде неговиот придонес. Кристијано Роналдо постигнува голови. Тој е машина, мисли
само на гол, гол, гол… Живее за тоа, игра за тоа. Роналдо е голем играч и секој
тим би сакал да има фудбалер како него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×