155
Уругваецот не
игра во голгетерската форма од минатата сезона па фрустрациите полека
излегуваат на виделина.
На синоќешниот
натпревар помеѓу Севиља и Атлетико Мадрид, Луис Суарез беше повлечен од игра во
момент кога гостите се обидуваа да постигнат втор гол и да го свртата
резултатот во своја корист.
Па Луис Суарез
беше бесен и со пцовки го искажа незадоволството од одлуката на Диего Симионе.
„Ш*пак еден, секогаш истата работа“ – беа дел
од зборовите кои ги уловија камерите на ГОЛ.
Напаѓачот потоа нервозно
седна на клупата и почна да фрла работи кои му дојдоа при рака.