Србинот Дмитровиќ со неверојатна одбрана го спречи сонародникот Рачиќ да го постигне голот на кариерата (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Во последниот натпревар од 12. коло во Примера, фудбалските љубители можеби не видоа гол, но имаше атрактивна интервенција на голманот на Еибар, која сигурно ќе биде кандидат за одбрана на годината.

Во 53. минута од мечот, Урош Рачиќ атрактивно закачи волеј од 20 метри, испрати проектил кон противничкиот гол, но наместо да се радува на погодокот на кариерата, гледаше како сонародникот Марко Дмитровиќ ги собира сите честитки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×