184
Македонија ја доби Германија како најсилен противник во квалификациската група, за првпат во историјата ќе излеземе на мегдан со Германците.
Јоаким Лев кој треба да е среќен што се уште не добил отказ, особено по дебаклот од Шпанија, е задоволен од групата на Германија.
„Мора да признаеме дека добивме добра група. Мора да ја оправдаме улогата на фаворити, но секако, немаме намера да потцениме ниту еден од противниците. Сепак, јасно е дека очекуваме да бидеме во Катар“, изјави Лев.
Покрај Македонија и Германија, во групата Ј се уште и Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.