179
Монца ја
официјализираше соработката со Марио Балотели. Откако изминатиов викенд Адриано
Галијани откри дека си подале рака со контроверзниот напаѓач, вечерва пристигна
и потврда.
„Марио Балотели
ја засили Монца, стави потпис на договор до 30. јуни 2021 година“ – гласеше известувањето.
Според пишувањата
на медиумите, Марио Балотели ќе заработи 400.000 евра за настап во втората лига
на Италија. Во неговиот договор ќе има и бонуси поврзани со бројот на настани,
голови и промоција во Серија А.