Виери застана на страната на Бобан и Малдини: Тоа што го стори Газидис е кукавичко

by
1 минути читање

Превирања во
Милан, Звонимир Бобан посочи дека генералниот извршен директор на Милан, Иван
Газидис работел зад грб, односно дејствувал да го донесе  Ралф Рангник како нов тренер и спортски
директор без притоа да се консултира со него и Паоло Малдини.

Интервјуто за Газета ќе му пресуди: Бобан добива отказ од Милан а слична судбина ќе го снајде и Малдини

Во Италија големи
се очекувањата Бобан да добие отказ поради своите критики во јавноста, а
извесно е дека сево ова ќе донесе одредени турбуленции во клубот од Милано, а
оваа ситуација ја коментираше и Кристијан Виери
.

Газидис стори
нешто што јас го сметам за кукавичко, Бобан не е марионетка, тој има карактер и
личност зад себе, тоа што посакува да го каже, го прави јавно, во лице, тој
кажа тоа што имаше да го каже
“ рече легендарниот напаѓач Виери во „ТикиТака“.

Газидис нема
ништо со работите од технички аспект, тој има други обврски во клубот, таму се
Малдини и Звонимир во техничкиот дел, доколку некој е кукавица, нормално е за
другиот да не биде тивок
“ додава тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×