Бразилскиот
весник „О Глобо“ во неделата имаше едно доста интересно интервју со ѕвездата на
Евертон, Ришарлисон, кој има одлична сезона зад себе во дресот на „Карамелите“,
а има одлична соработка и со својот нов тренер Карло Анчелоти.
Напаѓачот
говореше за своето проблематично детство кое го имал во „Нова Венесија“, а во
интервјуто постојано посочуваше дека се обидува да го избегне луксузот, кој
секако може да го има.
„Немав речиси
ништо во моето детство, а сега, одеднаш можам да имам што ќе посакам, јас го
ценам и почитувам тоа, мислам на иднината“ вели Ришарлисон.
„Нема да одам и
да купам некој луксузен автомобил, инвестирам во вистински имот, во работи за
мојата иднина, како на пример моето живеалиште во моментов. Мојата мајка, татко
ми, вујко ми, баба ми, јас веќе им го дадов мојот дом на сите, моите вујковци
имаат автомобил, мојата мајка обожава моторцикли, а јас секако и купив еден,
сестра ми има три деца а јас им помагам во нивната едукација и здравје“ додава
Бразилецот.
Во моментите кога
екипата на „О Глобо“ влегла во неговиот дом, начекала тројца како играат видео
игри, едниот од нив бил вујкото на Ришарлисон, другите двајца негови другари од
детството, а објаснувајќи за своите пријатели, тој практично открива за својата скромност во животот.
„Пријателите
кои играа со мене работат во супермакети, други на полиња, многу пријатели од
улицата кои ги имав денеска се по затвори, имав таква ситуација да бидам
криминалец, но го имав мојот вујко постојано до мене, ме советуваше, имав
тренер како Фидел кој беше воедно и полицаец, постојано укажувајќи ми на тоа
дека имам талент, фудбалот дефинитивно ме однесе во еден вистински правец во
животот“ вели Ришарлисон.