„Каталонците“ во
неделата загубија од Реал Мадрид и според пишувањата на Спорт, речиси сите од
раководството на клубот сметале дека Лео Меси бил прилично осамен на „Ел
класико“.
Со оглед на тоа
дека Аргентинецот слободно може да замине од Камп Ноу по крајот на сезоната, а преговорите
за продолжување на договорот кој истекува во 2021 година тапкаат во место,
„каталонците“ планираат во следните месеци да работат интензивно на креирање на
конкурентен тим за Лео Меси да може да се бори за сите титули и да не помислува
на промена на средината.
Спорт додава дека
раководството на клубот знае што сака, односно четири засилувања, и тоа не вротокласни играчи, или играчи за на клупа, туку екстра ѕвезди. Целта
е да се донесат две нови имиња во одбраната и две нови имиња во офанзивата, од
кои едно ќе оперира по крилните позиции а второто ќе биде „9ка“ која ќе ротира
со Луис Суарез и ќе биде долгорочна замена за Уругваецот. Во зависност од тоа
како ќе се одвиваат работите на трансфер пазарот, може да биде донесен и
фудбалер од средниот ред.
Во дефанзива, ќе
се бара централен бек со оглед на тоа дека во моментов Сетиен на располагање
има само тројца (Пике, Ленгле и Умтити), како и нов десен бек за конечно да се
реши проблемот кој настана со заминувањето на Дани Алвеш во 2016.
За офанзивецот
кој ќе треба да оперира по крилните позиции, на сите им е јасно дека ќе биде Нејмар иако
зделката воопшто не е едноставна. Бразилецот беше мета и минатото лето, со
месеци имаше шпекулации, на маса беа ставени еден куп формули, но трансфер не
се реализираше.
Што се однесува
до „9ка“ и тука името е познато, станува збор за Лаутаро Мартинез од Интер, за
кого лобира токму Лео Меси.