Мурињо: На лето нема да имаме огромни промени во тимот, но…

by
1 минути читање

„Спарси“
моментално се на седмото место на табелата во Премиерлигата по 28 одиграни
кола, го загубија Хари Кејн на подолг рок, а освен него дури и Сон, кој воедно
ќе биде и во карантин по враќањето од Јужна Кореја поради операција на скршено
рамо.

Се чини дека
поразот од Вулверхемптон (2-3) на домашен терен изминатиов викенд донесе многу
прашања поврзани со тимот кој ланската сезона играше финале во Лигата на
шампионите, навивачите бараат засилувања на лето, но очигледно е дека тоа ќе
биде ограничено.

Нема да има
огромни промени во тимот, првично, поради тоа што нам не ни е потребно такво
нешто, второ, бидејќи ова не е таков профил на клуб, и трето, бидејќи таков е
трансфер пазарот во моментов
“ рече Мурињо.

Година по
година, станува се
потешко
по тоа прашање, така јас не размислувам целосно на тоа прашање во моментов, но,
секако, мораме да го направиме нашиот состав поквалитетен
“ додаде Португалецот.

Тотнем утревечер на
домашен терен го пречекува Норич во рамките на петтата рунда натпревари од ФА
Купот, па веројатно е дека на тоа натпреварување ќе стават посебен акцент, во
обид да дојдат до одреден успех, ако се земе во предвид дека се пред
елиминација во Лигата на шампионите, откако го загубија првиот меч со Лајпциг и
тоа на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×