Кристијано
Роналдо донесе дополнителен „шмек“ на мега дербито во Шпанија, откако
Португалецот се појави во вип просторот од „Сантијаго Бернабеу“ за да
присуствува на дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кое домаќините го добија
со 2-0.
Нема дилеми дека
Португалецот остави голем белег во дресот на „Кралевите“, па така неговото
појавување на арената во шпанската престолнина донесе голем интерес кај
љубителите на фудбалот.
34 годишната
ѕвезда од составот на Јувентус во еден момент му гестикулираше на еден навивач
порачувајќи му да се посвети на случувањата на теренот, додека овој го снимаше.
По дербито во Шпанија,
Роналдо со приватен авион заминал за својата родна Мадеира, за да биде покрај
својата мајка која беше хоспитализирана и итно оперирана откако добила мозичен
удар.